Автомобил се заби во велосипедист на „Илинденска“ - тешка сообраќајка пред Општина Центар

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава во центарот на Скопје.

Според досегашните информации, на булеварот „Илинден“ пред Општина Центар се судриле велосипедист и автомобил. Засега е познато дека велосипедистот бил пренесен во болница, но не е познато во каква здравствена состојба е.

Полицијата сеуште врши увид на местото на несреќата.

најчитано сега