Нина Бадриќ удри по Северина и Розга- нема да верувате што изјави за нив

Познатата пејачка Нина Бадриќ деновиве престојуваше во Белград поради промоцијата на дуетот со Жељко Васиќ „Лозинка за рај“.

Пејачката е задоволна од нивната соработка, а и од пријателството со Васиќ.

- Штом го запознав Жељко, ме освои бидејќи е квалитетен музичар и добар човек. Поткуплива сум на неговите убави зборови. Не сум слушнала досега негативен коментар за песната, вели Нина.

Сепак повеќе внимание предизвикало прашањето како и се чинат Северина и Јелена Розга, на што таа одговорила:

-Ние три делиме ист музички леб. Сепак, оваа работа ја работиме на сосема поинаков начин. Да ми се допаѓа тоа што тие го прават и јас би го правела истото, но јас сум во некоја друга приказна. Си ја гледам сопствената куќа. Секој си оди по својот пат и прави така како што се чувствува. Најчесно е да се претстави само песната, а тоа е најтешкиот пат.

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега