Земал секира и го истурил бесот врз соселанецот - тетовчанец заврши во „8. Септември“

Вчера попладне околу 18:30 часот на м.в.„Странчина“ во тетовско, настанала расправија помеѓу С.С. и В.Ф.(55). Според информациите на полицијата, расправијата меѓу двајцата соселани прераснала во физичка пресметка, и В.Ф. го нападнал С.С. со секира. Тетовчанецот бил веднаш пренесен во скопската болница „8. Септември“, каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и најавуваат соодветна пријава против насилникот.

најчитано сега