Рецепт за долг живот: 90-годишна баба пие 16 лименки пиво дневно

 

Берта Де Бот од Белгија го неодамна го прослави својот 90 роденден, а како подарок од своите роднини доби 90 гајби пиво што е необичен подарок, особено кога станува збор за жена.

Сепак, немојте ова да ве чуди бидејќи оваа баба за себе вели дека она што 90 години ја одржува во живот е токму пивото.

Оваа старица од Белгија пие по 16 лименки пиво на ден, а оваа навика ја започнала нејзината 17-годишна возраст. Таа себеси не се смета за алкохоличар и никогаш не пие наутро, а може и да апстинира од алкохол.

Нејзиното семејство и лекари се зачудени и загрижени како оваа жена живее на овој начин.

 

најчитано сега