Тајзи со концерт во Банско

Македонскиот реге артист Тајзи ќе оддржи прв концерт надвор од границите на нашата држава.

Во недела, на 18-ти јануари, со почеток во 23 часот е закажан почетокот на концертот во клубот „Jack`s House“, во Банско, Република Бугарија.

По успешниот, голем концерт во Скопје, во Универзалната сала, Тајзи за прв пат ќе се претстави на локалната, бугарска публика, но и пред македонските туристи кои знаат како да се забавуваат на хитовите на Тајзи.

Тајзи ги поканува сите кои овој викенд ќе бидат во зимскиот центар Банско, на супер журка, во клубот „Jack`s House“. Недела, 18-ти јануари, со почеток во 23 часот.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега