Децата кои вежбаат имаат подобра концентрација и се помирни

Едно американско истражување покажа дека половина час вежбање пред училиште помага за подобра концентрација на децата во учењето, а особено кај децата кои страдаат од проблеми со концентрацијата и хиперактивност.

Вежбањето особено позитивно влијаеше на способноста за концентрација кај момчињата и девојчињата кои имаат проблеми со концентрацијата и хиперактивност (ADHD) и тие во училиштето, по вежбањето, подобро читаа и собираа.

Дури и во домовите децата кои вежбале биле помирни од оние кои не вежбале.

Во истражувањето спроведено од страна на државните универзитети Мичиген и Вермонт беа вклучени околу 200 ученици од основните училишта во периодот од 12 недели.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега