Џек Николсон: Не сум задоволен од својот љубовен живот

Познатиот актер Џек Николсон во интервју за магазинот „Клостер“ вели дека е незадоволен од својот љубовен живот и дека е песимист околу иднината на тој план.

- Копнеам по некоја, но моите шанси се мали. Жените повеќе не ми веруваат. Сакам да имам уште една романтична врска, бидејќи се уште сум див во срцето, но повеќе не можам само така да им се додворувам на жените, изјави 77-годишниот актер, кој има репурација на голем заводник. 

Николсон во интервјуто за „Клостер“ говори за неговата долгогодишна врска со Анџелика Хјустон и признава дека раскинувањето со неа му бил најтешкиот период во животот. - Имав се што еден маж може да посака, но не можам да кажам дека сум задоволен со својот љубовен живот, вели Николсон.

- Спијам и до 13 часа во денот, потоа ќе испијам чаша млеко, играм голф, преспивам или одам кај соседите, а навечер наместо да одам по забави, гледам филмови со пријателите, вели Николсон.

Тој нагласува дека е уморен од расправии со жените.

- Врските не се фиксна работа. Луѓето се комплексни и збунети суштества. Не го правиме секогаш тоа што треба, не ги кажуваме секогаш вистинските зборови и не се оденсуваме секогаш така како што би сакале, додава актерот.

Неговите пријатели велат дека славниот глумец се плаши дека ќе остане и ќе умре сам и дека го наговарале да се пресели на Беверли Хилс, но дека тој не сакал да ја напушти неговата резиденција во Холивуд.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега