Преуморни сте за секс навечер?- еве зошто

Жените имаат различен циркадијурен ритам од мажите и затоа треба порано да си легнуваат - открило најновото истражување на Харвард. Циркадијурните ритми можат да се опишат како редовни промени во менталните и физичките карактеристики кои се јавуваат во текот на денот. Женските циркадијурни ритми се за шест минути побрзи од машките што пак ги тера порано да заспијат, па затоа сексот им е последната работа на ум во вечерните часови.

Несоницата е за 50% почеста кај жените отколку кај мажите, особено утринската, што значи дека доколку се разбудат рано, тешко ќе можат повторно да заспијат. Тоа објаснува зошто жените често се ранобудници, додека нивните партнери го преспиваат целото утро.

Секоја трета жена има внатрешен циклус коj се одвива многу брзо, па често својот дневен циклус го завршуваат за помалку од 24 часа. Затоа е важно тие жени да го ресетираат својот внатрешен часовник. Ако циклусот е пократок, на жените им треба вечерно светло за да се синхронизираат - вели водителката на истражувањето, Џејн Дафи. Затоа таа предлага да се носат маски за спиење и да се замрачуваат просториите за утринското светло да биде на минимум.

Мажите кои се будат подоцна би требало да ги избегнуваат вечерните светла и да се погрижат да добијат многу светлост во утринските часови.

„Мислам дека многу жени се хронично ненаспани поради своите работни обврски и повеќето од нив раното будење не го сметаат за проблем. Уживаат да стануваат во четири или пет часот наутро, бидејќи имаат мир и тишина“ - вели доктор кој се занимава со проблеми при спиењето, Чарлс Цизлер. 

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега