Ставрески ќе поднесе тужба за клевета против Шилегов

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе достави тужба за клевета до Обвинителството против портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, бидејќи, како што наведуваат во соопштението, тој не дал никакви докази дека вицепремирот е потписник на договорот.

- Измина законскиот рок од 48 часа согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност, за портпаролот Петре Шилегов јавно да му се извини на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески за клеветата која јавно ја изрече на 11 и 12 јануари дека Ставрески го потпишал договорот со германската фирма Лудвиг Фајфер за рехабилитација на канализациската мрежа во Прилеп, наведуваат во соопштението од Министерството за финансии.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 15:32
Фото: 
сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега