Уапсена шефицата на кабинетот на чешкиот премиер - полицијата апсела во сред Влада

 

Скандал ја потресе Прага откако денеска полицијата апсеше во среде Влада.

Акцијата започнала половина час пред полноќ, а уапсена е  најблиската соработничка на чешкиот премиер, директорката на неговиот кабинет која најверојатно и е причина за неговиот развод.

Имено, 400 полицајци биле дел од акцијата во која се уапсени и поранешниот шеф на пратеничката група на владеачката граганска демократска партија, поранешниот министер за земјоделство, директорот на државните стокови резерви и поранешниот шеф на воената разузнавачка служба.

- ,, Можам да кажам дека премиерот нокеска го посетија двајца обвинители и шефот на одделението за борба против организираниот криминал,, – изјави министерот за внатрешни работи Јан Кубице.

Станува збор за криминална група која учествувала во повеќе криминални зделки.

ФОТО: А1.он

најчитано сега