Десет пожари за седум дена во Гевгелија

Изминативе седум дена на територијата на општина Гевгелија се случија десет пожари кои поради навремената интервенција на пожарникарите не предизвикаа поголеми штети, информира денеска Драги Делев, командир на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија, пренесува МИА.

Пет од пожарите, како што рече Делев, се случиле поради запалување оџаци, од кои два во колективни згради, два пожара избувнале во контејнери поради неконтролирано и непрописно истурање на пепелта од домашните печки и еден на депонијата кај Негорци кој поради ветерот се закануваше да се прошири. - По преземањето на сите мерки од страна на ТППЕ Гевгелија и вработените од „Комуналец“ со механизацијата, пожарот беше локализиран, информира Делев.

Според првичните информации пожарот кај Негорци е предизвикан од несовесни граѓани кои истуриле запаливи материи на депонијата или пак запалувањето го направиле намерно.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега