Македонски рап ќе ечи во Бугарија

 

Нашиот рап артист Слаткаристика новата година ја започнува со солистички концерти во Република Бугарија.

Тој и Иноватива Груп го најавија првиот кој ќе се случи овој викенд на 10ти јануари (сабота) во Банско, во дискотеката “Jack`s House“, а вториот, голем концерт на Слаткаристика во соседната држава е најавен на 20ти февруари(петок), во концертната сала на клубот “MixTape 5“ во Софија.

На двата концерти како специјален гостин е најавен еминентниот, и еден од најпознатите Бугарски Рап артисти, член на групата “Upsurd“- Ицо Хазарта.

Слаткаристика пред неполни 2 месеци го промовираше видео записот за новата песна “Бумеранг“ кое беше реализирано од Бугарската продукција “Facing The Sun“, во копродукција со Иноватива Груп.

Истиот резултираше со голема заинтересираност и број на прегледи на YouTube, a Слаткаристика влезе во групата на “One Shot“  видео едицијата како единствен странец до сега.

Нашиот Рап артист со сигурност е баран и слушан од Бугарската публика, а како резултат се двата реализирани концерти и давата кои треба да се случат. Тој, за неполна година ќе заокружи 2 концерти во Софија, 1 во Созопол и 1 во Банско.

 

 

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега