Груевски испрати телеграма со сочувство до францускиот премиер

По повод терористичкиот напад во Париз, претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски испрати телеграма со сочувство до францускиот премиер Мануел Валс. 

-Дозволете во името на граѓаните и на Владата на Република Македонија, и во свое лично име, да Ви ги упатам изразите на најдлабоко сочувство заради загубата на човечки животи предизвикана од варварскиот терористички напад во Париз. Се молиме за спокој на душите на жртвите, а нашите мисли се со мислите на семејствата на жртвите и со целиот француски народ, наведено е во телеграмата.

Република Македонија  најостро го осудува овој терористички чин и напад врз човечкиот интегритет и демократските вредности.

-Овој свиреп чин треба да не обедини уште повеќе во борбата против тероризмот во која Република Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес рамо до рамо со нашите сојузници и партнери каква што несомнено е и Република Франција, пишува Груевски во телеграмата.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа