Московиси: Излегувањето на Грција од еврозоната и отпишувањето на нејзиниот долг не се на дневен ред
Прашањето за излегување на Грција од еврозоната, како и за отпишување на нејзиниот долг не се на дневен ред, изјави денеска еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси во интервју за весникот „Монд“.
Европската комисија сака Грција да остане дел од ервозоната, додаде тој, потенцирајќи дека тоа е важно за монетарната унија.
Според еврокомесарот изборите во Грција не треба да се сметаат за „детонатор“ на криза во еврозоната.
Оцени ја веста
07.01.2015 - 15:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа