Тешка сообраќајка на патот Скопје - Штип - Ферус со својот џип излета од патот
Кралот на Ромската музика, Ферус Мустафов преживеал тешка сообраќајка на патот Скопје -Штип, јавува Вест. Како што пишува весникот, во џипот марка Мерцедес, Ферус бил со своето семејство. За среќа никој не е посериозно повреден. Според првичните информации кои музичарот ги споделил со медиумите, сообраќајката се случила откако поради пукната гума, Ферус загубил контрола над џипот, по што два пати се превртел.