Министерството за култура ги објави годишните програми - буџетот 3,6 милијарди денари

 

Министерството за култура денеска на својата веб-страница и во дневниот печат ги објави проектите кои се содржани во годишните програми на националните установи во културата за 2015 година и проектите поддржани на годишните конкурси по одделни области и активности од културата за 2015 година. 

Годишната програма за проекти што ќе добијат финансиска поддршка идната година е објавена дваесетина дена порано бидејќи Буџетот на РМ за 2015 година беше донесен пред два месеца, а не на крајот на декември како во изминатите години. 

Министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска на прес-конференција посветена на реализираните проекти во 2014 година, соопшти дека буџетот во културата за 2015 е 3,6 милијарди денари, што е за 0,79 проценти повеќе од буџетот за оваа година. За програмските дејности за 2015 година се наменети 837 милиони 278 илјади денари.

Канческа-Милевска соопшти дека наредната година ќе се инвестира во тековните капитални проекти -  изградба на салата за Македонската филхрмонија, изградба на театар и библиотека во Тетово, изградба на Струмичкиот и Турскиот  театар и реконструкција на Албанскиот театар,  поддршка за внатрешна реконструкција на Македонската опера и балет, Театартот за деца и младинци и Центарот за култура во Прилеп.

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега