„Најпијаната” приказна на светот: Џек Даниелс се оженил пред Џони Вокер, а на синот му дал име Џим Бим!

Човек по име Џек Даниелс и неговата сопруга Лидија, на 14 ноември оваа година добиле син. Тие одлучиле да му дадат име – Џим Бим. Така, тие го исполниле ветувањето кое си го дале уште на првиот состанок.

Џек Даниелс се оженил пред судијата по име Џони Вокер. Една година подоцна, добил син и му го дал името Џим Бим. Колку и да ви делува бизарно оваа реченица, всушност се работи за една необична семејна приказна.

Човек по име Џек Даниелс и неговата сопруга Лидија на 14 ноември оваа година добиле син, на кого одлучиле да му го дадат името – Џим Бим. Тие на тој начин го исполниле ветувањето кое си го дале на својот прв состанок.

„На првиот состанок зборувавме за имиња за бебиња. И така, одлучивме дека Џим Бим би била добра идеја“, раскажува Џек Даниелс.

Претходно, него и неговата сопруга ги венчал судија кој се викал Џони Вокер.
„Јас го добив ова име затоа што моите родители сакале на синот да му дадат име кое би ги изнервирало нивните родители. Во тој момент, мојот татко пиел „Џек Даниелс“... И мајка ми рекла – зошто да не“, раскажува Даниелс.

Тој вели дека ако имаат уште деца, синот ќе го крстат Еван Вилијамс (бурбон), а ако биде девојче, ќе го добие името Шери.

Izvor:Точка

 

 

Оцени ја веста

27.12.2014 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега