ФОТО: Селфито на Адријан Гаџа од Њујорк

Синоокиот убавец Адријан Гаџа деновиве престојува во Њујорк. Пејачот после проблемите во неговиот кафе-бар „Гаџа“ во Старата скопска чаршија, повторно се посвети на кариерата, и тој моментално работи на својот нов албум на албански јазик со Јован Јованов и Роберт Билбилов.

Гаџа се надева дека наскоро ќе издаде песна на македонски јазик.

Околу гласините за неговата наводна нова девојка пред некое време тој изјави за Вечер:

 

- Нема врска дека имам девојка. Ме фотографирале во отпуштена атмосфера на кафе со другарка и напишале дека сум заљубен. Тоа се глупости. Сам сум и немам никој во моментов. Кучето Симба ми е партнер.

 

 

Оцени ја веста

27.12.2014 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега