Провалиле во магацин на „ЕМО“ и си заминале богати - тешка кражба во Скопје

Во текот изминатава недела, засега непознати крадци го ограбиле магацинот на АД „ЕМО“ во Скопје.

Според информациите од МВР, крадците провалиле во магацинот лоциран на булеварот „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје. Натрапниците украле проводници и алати, вредни околу 300.000 денари.

Од полицијата велат дека работат на откривање на сторителите.