БИДЕТЕ ХУМАНИ: Еве што за Нова Година посакуваат дечињата без родители

Сите дечиња имаат право за Нова Година да бидат среќни и да добијат подарок од Дедо Мраз. Па оваа година имаме можност да бидеме вистински Дедо Мразовци за дечињата во Згрижувачките семејства, и да им подариме или исполниме некоја нивна желба.

Како и секоја година така и оваа во Рамсотр Мол во Центарот на Скопје на поставената елка можете да ги прочитате пораките со новогодишни желби на овие дечња, и да му донесете радост и насмевка на секое од нив. 

Еве го списокот на новогодишни желби на дечињата од згрижувачки семејства. Како и секоја година така и оваа Црвен Крст на Град Скопје со помош на сите хумани луѓе се обидува да им ги исполни нивните желби.

Вклучете се, направете добро дело, завршете ја 2014 година побогати за една детска насмевка 

Инфо за акцијата можете да добиете во Рамстор Мол на пултот

или на број 070 26 77 54

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега