Македонија го слави Свети Климет Охридски

Денеска со низа активност ќе се одбележи државниот празник „Св. Климент Охридски“.

Напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2014 година, во Собранието на РМ.

Историчарот проф. д-р Амет Шериф и биохемичарот проф. д-р Велимир Стојковски во областа на воспитанието и образованието, и академик Цветан Грозданов, историчар на средновековната уметност, во областа на културата, се добитници на државнатанаграда „Св.Климент Охридски“ во 2014 година.

Во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи Божествена литургија за празникот со која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Во 11 часот делегација на Владата во состав на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерот за култура Елизабета Канческа Милевска и заменик министерот за правда Билјана Бришкоска Бошковски ќе положат венец на Споменикот на Св. Климент Охридски пред Соборниот Храм.

Свети Климет Охридски е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.

Не помалку значајна е и неговата преведувачка дејност. На Св. Кирил и Методиј им помагал во преведувањето на потребната литература за црковната богослужба, а самиот го превел целиот Цветен триод.

Во младоста отпатувал на Исток, каде што се запознава со верата во Христос. Учители му се самите апостоли.

Не се знае каде е точно роден, нема податоци за семејството и потеклото, освен дека бил закопан на 27 јули 916 година во манастирот на Плаошник во Охрид, што тој сам го изградил и го посветил на св. Пантелејмон.

Кога манастирот бил претворен во џамија, моштите му биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта, која оттогаш е нарекувана со неговото име.

Моштите му се повторно вратени во август 2002 година по обновата и осветувањето на неговиот манастир. Се претпоставува дека починал на 70-80 години и дека е роден околу 30-40 години на 9 век.

Според професорот Ратомир Гроздановски, неговото значење е големо за цела Европа.

-Свети Климент Охридски е не само просветител, туку и голем духовник, голем книжевник, голем црковен пастир. Неговото учење, неговата просвета, неговиот книжевен опус е распространет не само во Македонија, туку и низ цела Европа. И навистина, личности од таков карактер и од такво величие, ги заслужува целиот свет, ги заслужуваат повеќе народи, а не само еден народ“, вели универзитетскиот професор Гроздановски.

Свети Климент Охридски, меѓудругото, е основач на првиот универзиет во Европа и коректор на првата македонска азбука – Глаголицата, која ја нарекол Кирилица

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа