Проекција на филмот,,Македонец" во Прага

Во Прага утре ќе биде прикажан филмот ,,Македонец" на Петро Алексовски, македонски филм кофинансиран од Полскиот филмски институт.

Филмот ја доловува судбината на македонските и на грчките деца кои ја напуштија родната земја по Граѓанската војна во 1946-1949 година во Грција. Ја опфаќа судбината на дел од децата, кои тогаш беа евакуирани и распространети во различни поранешни социјалистички земји како Југославија, Романија, Чехословачка, Унгарија, СССР и Бугарија.  

Филмот е снимен по повод 65-годишнината од пристигнувањето на децата-бегалци во земјите од Источна Европа. 

Премиерно беше прикажан на 31 мај годинава, на филмскиот фестивал во Краков. 

На филмската проекција е планирана и дискусија  со авторот. 

 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега