КОНЕЧНО: Договорен прекин на огнот во Украина
Канцеларијата на украинскиот претседател и проруските сепаратисти соопштија дека од 9 декември целосно ги прекинуваат борбените дејствија во источна Украина за да се обидат да им стават крај на крвопролевањата, пренесоа француските медиуми.
- Од 9 декември, „Денот на тишината“, почнува да важи режимот за прекин на огнот, соопшти во коминике претседателството по средбата на претседателот Петро Порошенко со шефовите на безбедносните министерства и институции.
- Доколку овој режим се почитува од 10 декември ќе почне повлекувањето на тешкото вооружување (од линијата на фронтот), изјави извор од претседателството. Тој прецизира дека станува збор за процедура која е предвидена во мировните договори, што восептември беа постигнати во Минск.
Властите во самопрогласените „Доњецка“ и „Луганска Народна Република“ за руските медиуми ги потврдија информациите за прекин на борбените дејствија.
- Групата, која вклучува украински и наши војници, со посредство на ОБСЕ и на Русија, се договори прекинот на огнот да важи од 9 декември, рече претседателот на Народниот совет (Парламентот) на „ДНР“ Андреј Пургин.
Претседателот на „ЛНР“, Игор Плотницки, не така уверливо, забележа дека станува збор за усна спогодба и дека до овој момент не е потпишан документ во таа смисла.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа