Груевски и Вајгл разговараа за евроинтеграциите на Република Македонија
Европските интеграции на Македонија и реформите кои се спроведуваат за остварување на таа цел биле теми на средбата меѓу премиерот Никола Груевски и известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл, кој денеска престојува во Скопје.
- Премиерот Груевски му посака успех на Вајгл во остварувањето на работните ангажмани на оваа негова нова позиција и изрази посветеност за продолжување и унапредување на досегашната успешна соработка во сите области од заеднички интерес. Тој се заблагодари на поддршката на Европскиот парламент на реформите и европската агенда на Република Македонија и за поддршката на процесот за отпочнување на преговори за членство во Европската Унија, соопшти Секторот на Владата за односи со кавноста.
Премиерот ја истакнал посветеноста на Владата за понатамошни реформи за унапредување на европските стандарди, за што врз основа на препораките на Европската Комисија е изготвен посебен акциски план кој предвидува и реформи и мерки за понатамошно правно и институционално приближување кон Европската Унија.
- Европратеникот Вајгл ја истакна својата подготвеност за овозможување понатамошен придонес за поддршка на соработката и за реформските процеси во нашата земја, и од аспект на неговиот личен ангажман и од аспект на Европскиот парламент. Соговорниците разговараа и за надворешно-политичките предизвици во процесот на европски интеграции, при што премиерот Груевски ја истакна нашата посветеност и заложби за понатамошно унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка. Стана збор и за понатамошното интензивирање и динамизирање на односите со Европскиот парламент, информира владината прес-служба за средбата Груевски - Вајгл.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа