Скопје: Во иста вечер оштетени три автомобили со пиштол

Три автомобили во иста вечер биле оштетени во Скопје.

Во првиот случај во полициската станица Гази Баба, Љ.Д. од Скопје пријавила дека истиот ден во времето од 15 до 15 часот и 45 минути на улицата „Финска“ од заскитан куршум е оштетено возило марка „шевролет круз“ со бугарски регистарски таблици, сопственост на фирмата „Интер Ауто Рент од Бугарија. 

Исто така и 66-годишната  Ѓ.В. од Скопје пријавила дека на улицата „Палмиро Тољати“ од заскитан куршум е оштетено возило марка „шевролет матиз“ паркирано во дворот од нејзината куќа.

И на улицата „Јордан Константинов Џинот“ од заскитан куршум е оштетено нејзиното возило марка  „хјундаи“.

Полицијата трага посторителите.

најчитано сега