Родендените кои завршуваат сo 9-ка ни го менуваат животот

 

Доколку ви се ближи роденден што завршува на 9, подгответе се за малку повеќе размислување од обично. 

Психолозите од Универзитетот во Калифорнија се обидоа да добијат одговор на прашањето кои родендени навистина се важни.

 

Резултатите покажале дека се работи за тие кои настапуваат една година пред влегувањето во нова деценија, на пример 29, 39, 49 и така натаму.

Деветата година во деценијата се покажала одлучувачка за промени во животот, па така луѓето често се одлучуваат на измами, трчање маратон, промена на изгледот или дури и на самоубиство, бидејќи во човековата природа е да се појде во нова потрага кога се затвора едно поглавје, а се отвора друго.

 

Имено, триесетиот, четириесетиот и педесетиот роденден звучат поважно од другите и токму тие имаат најголемо влијание на психата на човекот, бидејќи јубилејните родендени се многу моќен мотиватор, велат психолозите.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега