Метеоролозите со чудна временска пргноза за викендов
Без некое особено студенило го поминавме овој ноември, а ќе го завршиме со мало затоплување, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.
Во сабота се очекува претежно облачно време, особено низ котлините. Сончеви периоди ќе има во текот на денот, но повеќе во југозападниот крај и на некои повисоки места. Ќе дува слаб југоисточен ветер кој ќе донесе нешто потопол воздух.
Наутро ќе биде релативно топло. Минималната температура низ котлините ќе има вредност од 4°С до 8°С, а на повисоките места околу 2°С.
Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 11°С во поголем дел од котлините во северниот крај, додека во јужната половина од земјава ќе биде малку потопло со максимална околу 14°С.
Во недела ќе биде пооблачно за разлика од сабота. Во текот на денот ќе има услови за слаб и повремен дожд. Ветерот повторно ќе биде слаб, и генерално од југоисток.
Утрото за разлика од саботното ќе биде потопло за околу 1°С.
Дневниот температурен максимум ќе биде малку понизок во однос на сабота и ќе има вредност околу 10°С во поголем дел од котлините во северниот крај, додека во јужната половина од земјава ќе биде малку потопло со максимална околу 12°С.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа