Прв државен натпревар на угостителско-туристичките училишта

 

 

Прв државен натпревар на средните училишта од Македонија „ЛИДЕР - во угостителско-туристичката струка" ќе се одржи денеска во Скопје под покровителство на Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.

Учениците треба да ги покажат своите способности во дисциплините готварство, угостителско послужување и хотелско-туристичко работење.

Натпреварите ќе се одржуват во средното угостителско-туристичко училиште на Град Скопје „Лазар Танев“ со почеток во 10 часот, а прогласувањето на победниците ќе биде во 14 часот.

Во рамки на натпреварот, ќе бидат промовирани и Златниот и Бронзениот медал кои учениците од СУГС „Лазар Танев“ ги освоија на европско првенство во Белград, од 17-ти до 22 ноември, во конкуренција на над 440 најелитни училишта од 32 земји.

Училиштето „Лазар Танев“ во најсилната европска конкуренција во натпреварите што ги организира Европската асоцијација на хотелско-туристички училишта - АЕХТ, во изминатите четири години по третпат освоија златен медал во дисциплината „Tourist destination”, и по вторпат бронзен медал во дисциплината готварство „Nouvelle cousine“.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега