Научен собир „АСНОМ и Македонската држава“

 

„АСНОМ и Македонската држава“ е тема на научниот собир што денеска го организира Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Институтот за национална историја. 

Воведни обраќања на собирот ќе имаат претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, и проф. д-р Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја.

Форумот е поделен во три сесии, а учесниците ќе реферираат на теми почнувајќи од остварување на правото на самоопределување на македонскиот народ, преку уставните решенија во Сојузниот устав, македонската војска, воведувањето на современиит македонски литератирен јазик се до теми како македонската политичка емиграција во Западна Европа.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега