Најмалку 40 загинати во бомбашки напад во североисточна Нигерија

 

Најмалку 40 луѓе загинаа при експлозија во близина на воен пункт во североисточна Нигерија. Меѓу загинатите има и пет војници.

Експлозивната направа била детонирана во градот Муби, во нигериската сојузна држава Адамава, најверојатно од членови на исламистичката терористичка група Боко Харам.

Во последните неколку недели во градот имаше повеќе судири меѓу нигериската армија и Боко Харам. Во вторникот загинаа повеќе од 40 луѓе во два самоубиствени напади  на пазарот во Мајдугури, главниот град на соседната држава Борно.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 20:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега