Карапетрова со прашање за училиште во село Фалиш и градинка во село Јегуновце
На денешната 23 седница на Собранието на Република Македонија која e наменета за поставување пратенички прашања, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Карапетрова постави три прашања поврзани со проблемите со кои се соочуваат жителите на тетовскиот регион.
Крапетрова му постави прашање на Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски до кое се однесуваше на постапката за доизградба на училиштето во село Фалиш.
Заменик министерот Ристовски соопшти дека е запознаен со случајот за ова училиште и ја информираше пратеничката дека министерството во изминатиот периот работело на подготвување на документацијата за да може да се пристапи кон реализација. Министерството за образование е свесно дека е неопходна доизградба на ова училиште пред се ако се земе во предвид дека во ова место се соочуваме со зголемен број на првооделенчиња секоја година.
Прашање беше поставено и до Министерот за труд и социјална политика околу градинката во село Јегуновце која се наоѓа во лоша состојба и не ги исполнува основните потреби за објект од ваков тип. Карапетрова праша дали се планирани некакви активности за надминување на овој проблем.
Министерот најави дека од спроведените предходни анализи утврдена е неопходна потреба за изградба на градинка во ова населено место. Тој посочи дека во соработка со општината е работено за изготвување на соодветна документација и изнаоѓање на нова соодветна локација за изградба на нов објект. Оваа постапка веќе е завршена и веќе е распишана јавна набавка за избор на изведувач за новиот објект за градинка во село Јегуновце.
Карапетрова дополнително побара на писмено да и биде одговорено од страна на Министерството животна средина и просторно планирање околу фекалната канализација во село Брвеница кој што претставува најголем проблем на жителите на ова населено место.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа