Исмајлоска преку пратенички прашања ги изнесе барањата на граѓаните од Струга и струшко

 

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајлоска на денешната 23-та седница на Собранието на Репбулика Македонија предвидена за поставување на пратенички прашања го искористи правото да постави пратенички прашања до претставниците од Владата односно министерствата.

На денешната седница пратеничката Нола Исмајлоска до претставниците од Владата постави три пратенички прашања поврзани со актуелни теми, како што вели таа, прашања кои се од интерес на граѓаните, произлезени токму од секојдневната комуникација преку средбите и посетите кои пратениците ги остваруваат со граѓаните.

Пратеничката Исмајлоска, првото прашање го упати до Владата на РЕпублика Македонија кое се однесуваше на игралиштето во Лабуништа чија изградба е при крај односно кога Агенцијата за млади и спорт планира да го пушти во употреба ова игралиште?

Одговор на ова пратеничко прашање поставено од страна на пратеничката Нола Исмајлоска беше побарано да биде доставен по писмен пат од страна на Владата на Република Македонија односно Агенцијата за млади и спорт.

Второто прашање беше упатено до преставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство односно Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во врска со бројот на корисници на ИПАРД програмата од Струга?

Одговор на ова пратеничко прашање Исмајлоска доби од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој посочи дека во периодто од 2008 до 2014 година од ИПАРД програмата за развој на земјоделието се одобрени 65 милиони евра и истите средства се во фаза на искористување. Ние како министерство за земјоделство ги превземаме сите мерки за што  поголема искористеност на овие фондови. За таа цел министерството организира трибини преку кои ги информираме  и запознаваме земјоделците со можностите преку кои можат да ги искористат овие средства. Министерот потенцираше дека министерството преку службите целосно им стои на располагање на сите заинтересирани земјоделци при аплицирање за искористување на средствата од овие фондови. Конкретно за бројот на корисници на ИПАРД фондовите од Струга, министерството дополнително ќе испрати писмен одговор со точната бројка на корисници.   

Последното поставено прашање од страна на пратеничката Нола Исмајлоска исто така беше упатено до претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во врска со одлуката за отварање на продавници за вино. Конкретното прашање беше дали и Струга се планира да се најде на списокот на градови во кои се отворија ваков тип на продавници за вино?

 

Министерот ја информираше пратеничката Исмајлоска но и сите заинтересирани граѓани дека за оваа намена е распишан оглас на кој секојсогласно тендерската документација може да се пријави на овој оглас односно секој оној кој ги исполнува условите од тендерот може да отвори продавница од ваков тип. Дополнително, министерот посочи дека субвенциите во ваков тип на продавници изнесуваат 1 500 000 денари. 

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 18:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега