Продавниците во Фритаун ќе бидат затворени три дена поради еболата

 

Сите продавници во Фритаун, главниот град на Сиера Леоне, ќе бидат затворени три дена со цел да биде спречено натамошно ширење на епидемијата од ебола, соопштија локалните власти.

Мерката стапува во сила од утре и се однесува за продавниците, пазарите и уличните трговци, а исклучок ќе биде направен само за аптеките.

Пред два месеца властите во Сиера Леоне им наредија на жителите да не излегуваат три дена од своите домови, што според здравствените експерти се покажало како корисна мерка.

Според вчерашните податоци на Светската здравствена организација, бројот на заразените во Сиера Леоне набрзо ќе го надмине оној во соседна Либерија, која до овој момент е најтешко погодена земја од болеста.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 17:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега