Колку ќе чинат влезниците за концертот на One Republic во Скопје?

Влезниците за концертот на One Republic закажан за 1 јуни во Скопје ќе бидат пуштени во продажба од понеделник во 9 часот.

 

Во зависност од местото во "Метрополис арена", цените почнуваат од 990 денари за партер, додека за фан пит ќе чинат 1.500, исто колку што и местото во ВИП галеријата.

 

 

"Делува неверојатно фактот дека во Европа ќе може да се гледа моментално најактуелниот светски бенд за 15 евра, но одиме понатаму. Иако до концертот има доста време, капацитетот е ограничен, па ви советуваме навреме да си набавите влезници", велат организаторите "Авалон продукција“.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 23:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега