МАРС 2014: Фановите преку Фејсбук го избраа својот хит

 

Денес, 21 ноември, петок, точно напладне во 12.00 часот заврши гласањето во категоријата „Избор на фановите ( публиката)“ за најпопуларен радиски хит во 2014 година кој ќе биде награден на претстојниот „Македонски радиски фестивал МАРС 2014“.

Гласањето започна 7-ми ноември и траеше точно 14 дена, се до денес, петок, 21 ноември, кога точно напладне, во 12.00 часот истото беше затворено. Фановите од десетте предложени хита изведени од различни македонски поп изведувачи со гласање на Фан страницата на МАРС 2014 на Фејсбук по принципот: еден клик-еден лајк-еден глас, го кажаа својот збор и го направија својот избор.

Во овој момент фан страницата на МАРС 2014 е затворена и истата ќе биде повторно достапна за фановите во понеделник, 24 ноември, ден пред одржувањето на завршната вечер на Македонскиот радиски фестивал. На неа ќе бидат објавени резултатите од гласањето, а веќе другиот ден, вторник, 25 ноември 2014  на ПРЕСС конференцијата што ќе започне во 12.00 часот во ресторанот „Венето“ во ТЦ Сити Мол-Скопје, ќе бидат и официјално обзнанети резултатите пред претставниците од македонските медиуми.

За потсетување, победникот според бројот на гласовите (лајковите) на публиката на МАРС 2014,  покрај бронзената статуетка добива и парична награда од 30.000 денари, како и можност бесплатно да ја искористи Универзална сала-Скопје за свој солистички концерт во текот на 2015 година.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега