Оставка на францускиот државен секретар за воени ветерани
Францускиот државен секретар за воени ветерани, Кадер Ариф, денес поднесе оставка, јавува дописникот на МИА од Париз.
Оставката на државниот секретар доаѓа само еден ден откако полицијата изврши претрес во канцелариите на Mинистерството за воени ветерани, околу вмешаноста на блиски на Кадер Ариф во афера со јавни пазари кои ги добиле на „тендери“.
На местото на Кадер Ариф доаѓа сенаторот од Мозел Жан-Марк Тодескини.
Оцени ја веста
21.11.2014 - 15:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа