Македонските бизнисмени плаќаат 6 пати помали даноци од европските

Да бидеш седми во конкуренција на 189 земји во светот е голем успех. Тоа е потврда дека условите и целата постапка за плаќање на даноци во Р.Македонија се исклучително поволни за фирмите и се најповолни во регионот на ЈИЕ и меѓу најдобрите во светот, истакна денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески коментирајќи го извештајот „Paying taxes 2015”.

 

Седмото место во светот, според Ставрески, е добиено благодарение на успехот во сите сегменти на плаќањето на даноците. Македонија, како што рече тој, е прва и најдобра во светот со ефективна стапка од 7,4 проценти и е меѓу подобрите во светот во делот на времетраењето за плаќање на данок и трошоците на фирмите поврзани со тоа.

 

- Во Македонија во просек се потребни 119 часа за да се заврши постапката на плаќање на даноци. Во другите земји и во регинот тоa е многукратно повисоко, 6 до 7 пати е пониска стапката отколку просекот во Европа и на тој начин се создадени услови фирмите да потрошат и помалку пари и помалку време во постапката на плаќање на даноци. Македонските фирми се меѓу фирмите што имаат најниско даночно оптоварување, а на македонските бизнисмени најмалку време им е потребно да ја завршат постапката на плаќање на даноци, посочи Ставрески.

 

Тоа, според него, е уште една потврда за исклучително квалитетната бизнис клима во Р.Македонија, која е препознаена од инвеститорите.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега