Крадците повторно направија „парче"

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп во куќата на 52-годишниот В.С. засега непознат сторител влегол и извршил тешка кражба, при што одзел денарски и девизни средства и разновиден златен накит, со што се стекнал со 320.000 денари. 

Ито така во текот на вчерашниот ден кривична за тешка кражба си заработи и 66-годишниот Ш.Н. од Студеничани, скопско кој на улицата „Маршал Тито“ на паркинг плац во Неготино извршил кражба во патничко возило, сопственост на „Рента кар“-Скопје, а истото го користеле две лица  државјани на Турција, при што одзел чанта во која имало два лап топ компјутери, еден „ајпод“, девизни и денарски средства и лични документи, со што причинил материјална штета од околу 650.000 денари.

 ПС Радовиш поднесе кривична пријава против И.Т. од Радовиш, за сторени две кривични дела „кражба“. На 01.11.2014 година на булеварот „Александар Македонски“ и улицата „15-ти Корупус“ во Радовиш пријавениот користејќи згодна прилика од под терасата од куќа одзел моторцикл, додека на друга локација одзел и велосипед со што причинил материјална штета од околу 270.000 денари. Инаку, одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците. 

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега