Родители внимавајте: Педофили демнеат на позната детска компјутерска игра

 

Шестгодишно момче кое играло Мајнкрафт примило серија сексуални експлицитни пораки од непознат маж. Пораките биле говорни и пишувани, тврди таткото на детето кој случката ја пријавил во полицијата во Кливленд.

Работата да биде полоша, момчето боледува од Аспереров синдром.

- Живеам сам со синот и не можам  да бидам со него сите 24 часа. Го оставив сам во соба на половина час и сите пораки стигнале во тој период. Бев во приземјето и слушнав машки глас. Знаев дека нешто не е во ред, затоа што син ми ми рече да не влегувам и да не ги гледам во играта, раскажа таткото, јави „Дејли Мејл“.

Тој вели дека лицето кое ги испраќало пораките мислело дека комуницира со мало девојче, а секоја порака била подегутантна од претходната. 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 18:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега