Смртна казна за четворица роднини што каменуваа до смрт 25-годишна жена

 

 

 

Суд во Пакистан денеска осуди на смртна казна четворица мажи, што во мај годинава до смрт ја каменуваа 25-годишната Фарзан Игбал, бидејќи се омажила спротивно на желбите на своето семејство, јавија пакистанските медиуми.

Фарзан на 27 мај годинава е нападната и каменувана до смрт од нејзиниот татко, брат и двајца роднини пред судот во Лахор, додека нејзиниот сопруг безнадежно барал помош од полицијата.

Четворицата мажи се осудени на смрт, но тие ќе служат доживотен затвор бидејќи во Пакистан во сила е мораториум за извршување на смртни казни. Тие треба да платат и парична казна од 1.000 долари, изјави нивниот адвокат Мансор Африди. 

Уште еден роднина е осуден на 10 години затвор и казна од 1.000 долари. Според Африди пресудата е сензационалистичка и семејството ќе поднесе жалба. 

Жените се секојдневно жртви на насилство во Пакистан поради кршење на конзервативните традиции во општеството.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа