Уживајте во зимските спортови - ледена сензација во СЦ „Борис Трајковски"

 

Ледена сензација започна во главниот град во Спортскиот Центар „Борис Трајковски” каде игралиштето за хокеј и уметничко лизгање е повторно пуштено во употреба за тренензи како и за рекреација.

Со ова двете активности ќе бидат лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија каде сите заинтересирани ќе можат да уживаат во овие зимски спортови.

-Заклучно со завршувањето на Меѓународниот турнир во хокеј кој се оддржa на 15-ти и 16-ти ноември, во употреба e пуштено игралиштето за хокеј и уметничко лизгање, во склоп на Спортскиот центар „Борис Трајковски”. И оваа зимска сезона, покрај часовите за рекреативно лизгање и тренинзите по хокеј, граѓаните ќе имаат можност и за рекреативно користење на игралиштето,”  изјави Златко Перински, Директор на СЦ „Борис Трајковски”.

Термините предвидени за рекреативно лизгање во времетраење од еден час, според следниот распоред:

-          Понеделник: од 11:00 часот до 16:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.

-          Вторник: од 11:00 до 18:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.

-          Среда: од 11:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.

-          Четврток: од 11:00 до 18:00 часот и од 20:00 до 23:00 часот.

-          Петок: од 11:00 до 16:00 часот и од 20:00 до 00:00 часот.

-          Сабота: од 12:00 до 00:00 часот.

-          Недела: од 12:00 до 23:00 часот.

Специјализираните тренинзи по хокеј, ќе бидат водени од рускиот стратег Димитри Прокудин, а во организација на Хокеј федерација на Македонија. Термините за истите се:

-          Понеделник: од 19:00 до 20:00 часот.

-          Вторник: од 19:00 до 20:00 часот.

-          Четврток: од 19:00 до 20:00 часот.

-          Петок: од 19:00 до 20:00 часот.

-          Сабота: од 07:30 до 08:30 часот.

Тренинзите по уметничко лизгање, ќе бидат водени од Ксенија Јестшењски. Термините се со времетраење од еден час:

-          Понеделник: од 17:00 до 19:00 часот.

-          Среда: од 17:00 до 20:00 часот.

-          Петок: од 17:00 до 19:00 часот.

-          Сабота: од 08:30 до 12:00 часот.

-          Недела: од 08:30 до 12:00 часот.

Сите заинтересирани граѓани имаат можност, да го посетат игралиштето за хокеј и уметничко лизгање и да уживаат во понудата, која Спортскиот Центар „Борис Трајковски” ја создава само за нив.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа