ФОТО : Ова е куќата на легендарната Баба Ванѓа

 

Ексклузивно Струмица денес објавува фотографија од родната куќа на Баба Ванѓа .

 Баба Ванѓа или Вангелија Пандева Димитрова е родена на 31 јануари 1911 во Струмица како слабо девојче на кое името му го дале после два месеци. Родена е во семејството на Пандо Сурчев, а нејзината мајка умира кога таа е многу мала.

Родната куќа на Баба Ванѓа се наоѓа на денешната улица 5 ноември во Струмица. Денес на оваа место има изградена куќа која не припаѓа на нејзинита фамилија па и затоа оваа место не е обележано. Во албумите на баба Ванѓа се среќава слика од оваа куќа.

Според раскажувањата за Струмица Денес на Фимка Гогова Михаилова нејзина комшика и блиска пријателка, Ванѓа живеела во оваа куќа од нејзиното раѓање до 1942 година по што се преселува во Петрич, Република Бугарија. Во 1923 години поради лошите животни услови Вангелица се преселува во Ново Село кај братот на нејзиниот татко и таму живее неколку години. Таму и го губи видот.

Ванѓа во оваа куќа ги има направено и првите превиденија.

17.11.2014 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега