Свлечиште однесе зграда во Швајцарија, се трага по исчезнатите

 

 

Четири лица се спасени, но има и исчезнати откако свлечиште ја однесе нивната мала станбена зграда во јужниот регион Тичино, каде имаше обилни дождови, соопшти денеска полицијат.

Регионалната полиција наведе дека едно од бројните свлечишта кои се покренале во поплавената област во текот на ноќта однеле трикатна станбена зграда во Давеско-Сорањ, недалеку од Лугано.

Три лица се спасени и префрлени во болница со полесни повреди.

Полицијата не соопшти уште колку луѓе биле во зградата во тој момент, но швајцарски медиуми јавуваат дека се верува оти четири лица исчезнале

16.11.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа