Се вжешти линијата за „Ало докторе“ - за два месеци речиси 1000 јавувања

 

За два месеци регистрирани се 9686 јавувања за медицински совет „Ало докторе“ на бројот 02/15123. Само во текот на последните два дена регистрирани се 273 повици.  

Помош бараат граѓани од сите градови во Македонија. На сите граѓани кои се јавиле им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. На сите лица кои се обраќат преку линијата „Ало докторе“, а поради итноста за здравствената состојба за која се јавиле, повикот им е пренасочен од дежурните специјалисти кон службата за итна медицинска помош. 

Јавувањата на 15 123 се со ширпк спектар на најразлична симптоматологија, кардиовасуларни, респираторни симптоми, совети за покачена телесна температура, за исхрана кај најмалите и симптоми на болка.

Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот „Ало докторе“ за медицински совет се дежурни и достапни за здравствен совет директорите на јавните здравствени установи. Денеска во кол центарот на „Ало докторе“ од 18 до 22 часот ќе биде дежурен д-р Слободан Ѓорѓиевски од ЈЗО Здравствена станица Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а утре проф.д-р Бисерка Ќаева, директорка на Клиниката за пулмологија и алергологија.

16.11.2014 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа