Камерон: Руските активности во источна Украина се недозволиви

 

 

Активностите на Русија во источна Украина се неприфатливи и може да доведат до воведување нови санкции од страна на САД и Европската унија, предупреди денеска британскиот премиер Дејвид Камерон. 

- Се уште се надевам дека Русите ќе го слушаат гласот на разумот и ќе признаат дека треба да и дозволат на Украина да се развива како независна и слободна земја со право на слободен избор, рече Камерон на прес-конференција во Канбера. 

Тој истакна дека доколку Русија преземе позивитни и одговорни чекори во однос на слободата на Украина тие санкции би можеле да бидат укинати, а доколку земјата продолжи да ја влошува ситуацијата, тогаш санкциите може да се зголемат.

14.11.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега