Жерновски: Црквата ќе се гради

Во деешниот протест пред општина Центар учествува поголема група граѓани, поради, како што велат, намерата на градоначалникот Андреј Жерновски да бидат направени измени на урбанистичкиот план со кои, меѓу другото, би се спречила изградбата на црквата Св. Константин и Елена. Состојбата пред општинската сала стана тензична откако на граѓаните кои тврдат дека биле уредно поканети да присуствуваат на седницата, тоа не им е дозволено.

Според градоначалникот Жерновски, протестот е непотребен, а граѓаните што учествуваат во него се изманипулирани дека Советот ќе носи одлуки за уривање на каков било објект, вклучително и црквата.

- Според материјалот кој денеска е на дневен ред,ако внимателно се прошитаат, не постои никаква можност да се изврши какво било рушење на кој било објкет што се гради  вклучително и црквата. Целиот собир е непотребен. Луѓето се изманипулирани дека имаме намера да рушиме или да спречиме изградба на црква. Тоа е невозможно според она што го предлагаме на дневниот ред, изјави Жерновски  во просториите на општината.

Црквата, додаде, ќе продолжи да се гради како што ќе продолжат да се градат и другите објекти. Дали ќе продолжи седницата на Советот, како што рече, пред се ќе зависи од МВР, односно дали ќе бидат обебзедени услови за тоа.

Денешниот протест што го организира граѓанската иницијатива „Веритас“, почна кај локацијата каде што се гради црквата, продолжи низ улиците на Центар до седиштето на Општината. Неколку граѓани се обидоа да влезат во објектот, но беа спречени од полицијата. Искршени се неколку прозорци на објектот.

На луѓето кои протестираат, поддршка им даде владиката Агатангел.

- Ова е втор атак на Андреј Жерновски врз црквата, по барањето за укинување на веронауката во училиштата. Тој го провоцира народот и сака да урива црква, изјави владиката Агатангел.

Со реакција за протестот излезе и МВР. Според  Министерството, нема основа да им забрани на граѓаните да го искажуваат својот револт заради, како што наведува во дописот,  најавите за уривање на црквата „Свети Константин и Елена“.

- МВР имало и ќе има еднаков и неселективен пристап кон сите поединци и институции во државата и максимално коректно и професионално во сите случаи се ангажира во рамки на своите законски ингеренции. Впрочем, тоа го знае и градоначалникот и неговите блиски, а сега функционери во општината, кои како тогашни новинари во А1 Он или во својство на заинтересирани граѓани, на 12 декември 2012 година се обидуваа да упаднат на седницата на Советот на општината, обвинувајќи ги полициските службеници дека тие немаат право да им забранат присуство, пишува во реакцијата на МВР

најчитано сега