Ја принудувал сопругата на проституција за пари и кокаин - му се заканува затвор од над 4 години

 


ОЈО поведе истрага против шест лица за трговија за луѓе.

Имено во текот на вчерашниот дена истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криучарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Трговија со луѓе.

Првоосомничен е тетовец кој  ја принудувал својата сопруга да дава сексуални услуги во замена за пари и кокаин, другите петмина со неа имале сексуални односи.

Првично, пријавата била за семејно насилство во ноември минатата година, за што добил и притвор, но по преземените дејствија утврдено е дека всушност тој повеќе од една година ја принудувал својата сопруга да дава сексуални услуги.

Сопругот и еден од корисниците веќе се притвор. Судот одредил притвор за другите четворица, но двајца се недостапни за органите на прогонот.

На сопругот му се заканува казна затвор од најмалку четири години, додека за корисниците на услугите предвидена е казна затвор од шест месеци до пет години.

Како што соопшти Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, сопругот со употреба на сила физички и психички ја малтретирал жената, заканувајќи и се и неа и на членови на нејзиното семејство. Претставувајќи ја како своја пријателка, првоосомничениот, во периодот од септември 2023 година до 20.11.2024 година, во повеќе наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, во нивниот семеен дом, како и во семејните куќи на корисниците на сексуалните услуги. Тој стапувал во контакт со останатите осомничени – корисници на услугите, го договарал местото, како и надокнадата која била во пари или соодветна грамажа на наркотична дрога – кокаин. Додека жртвата била со корисниците, првоосомничениот имал целосна контрола, следејќи ја понекогаш и преку видео повик, а потоа откако ќе му ги дадела парите или дрогата, ја претепувал, ја горел со цигари и ѝ нанесувал тешки повреди од кои со денови се опоравувала, велат од ОЈОГОКК.

17.02.2025 - 15:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега