Немал возачка дозвола и бил пијан, 22-годишник падна во рацете на полицијата
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л.(22) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување на моторно возило“.
На 31.01.2025 во Дебар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола и под дејство на алхохол.
17.02.2025 - 16:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа