Тодоров прифати амандмански интервенции на законот за прекинување бременост
Абортусот останува слободна волја на жената и за тоа жената самостојно одлучува. Може да се направи повеќепати во текот на една година, во постапка која што е утврдена во законот и која што на идентичен начин е утврдена како што може да се направи денеска, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
- Прифативме амандман со кој се предвидува барањето за прекинување бременост да се достави до докторот кој го врши прекинувањето на бременоста. Советувањето се врши од страна на доктор кој ја врши интервенцијата, изјави Тодоров. Исто така прифатен е и амандман со кој мажот може да присуствува на советувањето, но не задолжително. - Мажот не треба да присуствува на советувањето освен доколку самата бремена жена тоа не го сака и го повика сопругата, изјави Тодоров.
- До првостепена комисија, која што е составена од тим од тројца, задолжително мора да поднесе барање жената во случај кога бременоста е после десетата недела, а кога самиот гинеколог од кого било побарано прекинување на бременоста не се согласил со прекинувањето на бременоста од медицински причини поврзани со здравјето на жената, ако прекинувањето на бременоста е повеќе пати во текот на годината. Првостепената комисија мора во рок од три дена максимум да одлучи по барањето и да каже дали се прифаќа или не барањето за прекинување на бременоста, изјави Тодоров. Прифатен е амандман со кој што се утврдува првостепената комисија да ја формира директорот на здравствената установа, а не министерот. Второстепената комисија останува да ја формира министерот за здравство, како и досега.
Идејата на законот, како што рече Тодоров, да се грижиме како систем за женското здравје. Негови очекување се дека по донесувањето на овој закон сериозно да се зголеми бројот на абортуси во Македонија. - Имаме 5.300 регистрирани абортуси, нашиот сомнеж е дека во Македонија има меѓу 20 и 30.000 абортуси. Тие не ги гледаме. Со овој закон и тие абортуси ќе бидат дел од македонската статистика и ќе можеме и врз основа на тоа да преземеме конкретни мерки. На пример, ќе знаеме дека имаме проблеми во одредена возрасна група, или вулнерабилни групи и тогаш ќе можеме да преземеме мерки. Денес на слепо креираме мерки, изјави Тодоров.
- Не почитувам да се бориме за хомосексулани бракови, за дозвола на промена на пол...тоа се работи кои се косат со мојот начин на размислување и не гледам тука ништо спорно. Тие нека продолжат да се борат за своите права. Не мислам дека ние треба да бидеме инквизиција и д апреземаме сериозни мерки против тоа, но јас не ги поддржувам и не ги почитувам тие ставови и дека сум убеден дека не можам да се усогласам со организации кои имаат такви ставови по едно вакво прашање, изјави Тодоров.