Руските медиуми за разводот на Путин: И тој е само човек!
Руските медиуми денеска на долго и на широко пишуваат за разводот на претседателот Владимир Путин и неговата сопруга Људмила Путин.
Руското радио Комерсант вели дека е подобро што Путин и Људмила се решиле да кажат јавно за разводот, а не да кријат за него.
Дел од Руските новинари изјавија дека "Можеби сега луѓето подобро се чуствуваат што претседателот јавно кажа за разводот, а не водеше двоен живот".
Исто така, дел од таблоидите пишуваат дека веројатно тоа што Људмила и сама изјави дека не е за публицитет и не може да се носи со него поради што често не се појавуваше со својот сопруг во јавноста е причина за разводот.